Од зелената партија ДОМ велат дека со голема загриженост ги следат фотографиите и реакциите на социјалните мрежи за сечата на дрворедот на улицата „Орце Николов“.

– Јавно поставуваме прашање до општина Центар, зошто е направен овој „масакр“ врз дрворедот? Зошто се сечат дрва без никаква најава и објаснување? Да не забораваме дека на вака „зацементиран“ град каде што се случува урбанистички хаос, секој ваков дрворед е важен за благостостојба на граѓаните и на животната средина – велат од ДОМ.

Партијата апелира итно да престане сечењето на дрвјата, да се обнови дрворедот и да се обезбедат нови зелени површини во општина Центар.