Општина Кисела Вода спроведува пролетна дератизација на нејзина територија. Досега се опфатени 688 шахти во населбата Драчево, село Драчево и Пинтија.

Од општината најавуваат дека уништувањето на глодарите оваа работна недела ќе продолжи во урбаната заедница Пржино, по што ќе следат и останатите месни и урбани заедници во Кисела Вода.

Дератизацијата ја спроведува фирмата Токси Вет преку Секторот за комунални работи, инфраструктура, сообраќај и заштита на животната средина, со поддршка од ЈП Водовод и канализација.