Општина Кисела Вода неодамна започна со спроведувањето на летната дератизација на територија на општината.

Како што информираат општинските власти, во шахтите се врши дератизација за контрола на бројот на глодачи.
– Ги информираме граѓаните, доколку имаат потреба за одредени интервенции во шахтите, да бидат внимателни и да не ги отстрануваат поставените мамки – велат од Општината.

Оттаму додаваат дека контролата и спречувањето на претераното размножување на глодачите е редовна работа на Општината и се спроведува во согласност со редовни годишни планови и во соработка со специјални стручни служби. Според оваа програма, мамки се поставуваат во најмалку 2.300 шахти во општината.