Нова водоводна линија на улицата Алексo

Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Скопје континуирано работи на одржување, подобрување и обнова на водоводната и канализациската мрежа во градот Скопје, за задоволување на потребите на корисниците.
Инвестицискиот циклус за обнова и подобрување на водоводната и канализациската мрежа продолжува со изведба на нова водоводна линија на улицата Алексo Демниевски, во должина од 1.500 метри.
– Новата водоводна линија во должина од 1.500 метри, со полиетиленски цевки со дијаметар од 90 мм, која се поставува на улицата Алексо Демниевски и на краците на самата улица, оформува кружен тек, со што се подобрува водоснабдувањето за корисниците во тој дел од градот Скопје – истакна Душко Весковски, генерален директор на ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје.