Заради технички зафати во дистрибутивната електро мрежа утре без електрична енергија ќе останат дел од корисниците од општините Центар и Кисела Вода.

Од РЦУК Скопје информираат дека од 8:30 до 10:00 часот без струја ќе бидат корисниците од дел од улиците „Преспанска” и „Охридска” во Општина Центар, а од 11:00 до 12:30 часот корисниците од ул. „1515″ во населбата Пинтија во Општина Кисела Вода.