Корисниците од улиците „Хусеин Бајрам“, „170“ и „171“ и Филозовскиот факултет утре од 8:30 часот ќе останат без вода за пиење поради изведување водоводен приклучок со пречник од 80 милиметри на булеварот „Крсте Мисирков“ бр. 9 во Општина Центар.

Како што информира Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, корисниците ќе имаат прекинато водоснабдување се додека екипите на ЈП „Водовод и канализација“ Скопје не завршат со изведбата на приклучокот.