Без електрична енергија утре од 8 до 10:30 часот ќе останат објектите во околината на фирмите „Лек“ и „Електроелемент“ во општина Гази Баба. 

Како што информира Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, причина за прекинот во снабдувањето со електрична енергија е изведувањето планирани технички зафати во дистрибутивната мрежа од екипи на „ЕВН Македонија“ АД.