Без електрична енергија утре од 5 до 11 часот ќе останат корисниците од улиците „Христо Татарчев“ бр.16, 16 а, 18, 18 а, 20 и 22.

Во периодот од 5 до 8 часот без струја ќе бидат корисниците од улицата „Тодор Паница“, Стопанска банка на улицата „Божидар Аџија“, дел од корисниците од улицата „Христо Татарчев“ бр.16, 16 а, 18, 18 а, 20 и 22.

Без струја во истиот период ќе бидат и сите корисници кои се напојуваат од трафостаницата „Дабар“ на улицата Христо Татарчев, дел улицата „Божидар Аџија“, хотел „Оранџ ИНН“ на улица „Тодор Паница“ и дел од улицата „Иван Козарев“.

Како што информира РЦУК-Скопје, прекините се поради планирани инвестиции во електросистемот.