Корисниците од населбата Припор утре од 10 до 16 часот ќе имаат прекин во  водоснабдувањето. 

Како што соопшти ЈП „Водовод и канализација“-Скопје, прекинот е поради  вградување „ЦМЦ“ регулатори на улицата „Христо Татарчев“ без број во населбата Припор, кај хотелот „Најс“.

Поради изведување водоводен приклучок на улицата „Коле Неделковски“ бр.46, утре од 10 часот прекин во водоснабдувањето ќе имаат дел од корисниците од улиците „Коле Неделковски“ и „Стефан Јакимов Дедов“.

Жителите ќе бидат без вода се до завршување на интервенцијата.