Корисниците од булеварот „Босна и Херцеговина“ во Општина Бутел утре од 9.00 часот ќе останат без вода за пиење поради рекoнструкција на водоводната мрежа со пречник од 300 милиметри на улицата „Бутелска“.

Како што информира Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, корисниците ќе имаат прекинато водоснабдување се додека екипите на ЈП Водовод и канализација – Скопје не завршат со работата.