Поради одржување на традиционалната атлетска женска трка, во организација на Сојузот на спортови на Скопје, утре од 9.30 до 11 часот ќе биде затворен за сообраќај булеварот „Илинден“ во Скопје, на потегот од Фонтана – Градски парк до крстосница со булеварот „8 Септември“.

Како што информира МВР, сообраќајот ќе биде пренасочен по булеварот „Св.Климент Охридски“, улицата „Орце Николов“ и булеварот „8 Септември“.