ЈП Водовод и Канализација известува дека утре, поради реконструкција на водоводна мрежа ф-400 мм на улиците Радушка и Вера Циривири Трена во населбата Ѓорче Петров, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улиците: Крсте Раковски, Атанас Иљоски, Вера Циривири Трена, Македонска преродба, Шидска, Јосиф Даскалов, Никола Вукмировиќ, Црногорска, Ѓурчин Кокале, Крушевска, дел од Борис Сарафов, Радушка и Ангел Винички.

Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 9 часот и ќе трае се до завршување
на работите.