Поради санирање на дефект на затварач од Ф-400 мм., на ул. „Џон Кенеди“, бр.9 А во населба Чаир, утре ќе биде прекинато водоснабдувањето за корисниците од улиците „Џон Кенеди“ и „Самоилова“, како и на Американската, Турската и Амбасадата на Албанија во општина Чаир.

Како што соопшти РЦУК – Скопје по добиеното известување од „ЈП Водовод и Канализација“, прекинот ќе трае од 08.30 часот до санирање на дефектот.