Корисниците од улицата „Димитрие Чуповски“ бр. 1А во општина Центар утре од 8 до 11 часот ќе бидат без снабдување со електрична енергија.

Од 8 до 10 часот утре без струја ќе останат жителите од населбата Трубарево, улици со број „2“, „8“, „10“, „12“, „14“, „16“ и „18“.

Во периодот од 8 до 15 часот без струја ќе бидат корисниците од објектите во околината на канцеларијата на претседателот на Република Македонија, објектите во близина на кафе-бар „Гнездо“ и објектите во близина на хотел „Бест Вестерн“ во општина Центар.

Без струја од 9 до 11 часот ќе останат дел од корисниците од улицата „Александар Мартулов“ во општина Ѓорче Петров, а од 9 до 12 часот дел од корисниците од село Долно Соње. Од 9 до 16 часот без струја ќе бидат дел од корисниците од Горно Соње, улица „1“.

Од 9:30 до 11:30 часот без струја ќе останат дел од корисниците од улицата „Мариовска“ бр. 1, 3 и 5 во општина Кисела Вода, а од 10 до 12:30 часот корисниците од булеварот „Трета македонска бригада“, зграда бр. 29 и сервис за гуми „Дабл-Стар“ во општина Аеродром.

Во периодот од 12 до 15 часот без струја ќе бидат дел од корисниците од улицата „Гаврил Лесновски“ и дел од улицата „Московска“ во општина Карпош, а од 13 до 15 часот корисниците од улицата „Козара“ бр.30 во општина Центар.

Како што информира Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, прекините се поради технички зафати во дистрибутивната мрежа.