Поради водоводен уличен дефект на цевка Ф 100 мм на ул. „Костурски Херои“ бр. 6, денеска прекин во водоснабдувањето ќе имаат дел од корисниците од ул. „Костурски Херои“ во општина Центар од 8.30 часот до завршување на работите.

Од РЦУК известуваат и дека поради чистење и хлорирање на резервоар Моране (викенд населба), можно е да има мал прекин на водоснабдување во село Моране општина Студеничани од 9 часот до завршување на чистењето.