Корисниците од селата Говрлево, Долно и Горно Соње, Чифлик, Св. Петка, Сопиште и Ракотинци утре од 9 до 11 часот ќе останат без електрична енергија.

Во периодот од 9 до 15 часот утре без струја ќе бидат корисниците од улицата „1“ во местото викано Чупријан во село Батинци, општина Студеничани.

Како што соопшти РЦУК на Град Скопје, прекините се поради технички зафати во дистрибутивната електро мрежа.