Поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа утре без напон ќе останат дел од потрошувачите во Кисела Вода, Студеничани, Карпош, Аеродром, Бутел и Ѓорче Петров.

Без електрична енергија од 13 до 15 чсот ќе останат потрошувачите од ул. 1439 во населба Пинтија, од 9 – 15 часот село Батинци улици 4, 6 и 7 и дел од село Моране, од 8.30 до 12 часот ул. „Малешевска“ во Драчево од 8.30 до 12.30 часот делови од улиците „Владимир Каваев“, „Кленоец“, „Клепа“, ул. „Мите Богоевски“ – подулица 2, од 9 до 13 часот село Радишани, м.в. Саздов Рид, Пат за Љубанци и од 9 до 14 часот ул. „Радушка“.