Делови од Кисела Вода, Гази Баба, Ѓорче Петров, Карпош и Студеничани утре во одреден период од денот нема да имаат електрична енергија, соопшти Центарот за управување со кризи.

Без струја ќе бидат од 8.30 до 10.30 часот фирмата „Интерграф“ на булеварот „Борис Трајковки“, броевите од 71 до 89, фирмата „Бујо градба“, сите стопнски и нестопански објекти кои се напојуваат од трафостаницата „МИЛ СОН“, фирма „Ретина“, фирмата „Семит“ и фирмата за пресување на хартија во Кисела Вода, од 08.30 до 15.00 часот делови од улиците „Добромир Хрс“, „Лазар Митров“, „Лав Толстој“, „Трајко Иванов“ и „Петар Драпшин“, исто во Кисела Вода, од 08.30 до 11.30 корисниците на Трубарево од делови на улиците 36 и 30, од 9 до 13 часот дел од корисниците од улициата „Александар Македонски“ број 11а до бројот 20 во Ѓорче, од 09.00 до 14.00 корисниците од ул. „Веселин Маслеша“, ОУ „Вера Циривири – Трена“ во Карпош и од 09.00 до 15.00 корисниците од село Батинци на улиците 1, 4 и 7.