Заради технички зафати во дистрибутивната електромрежа, утре без електрична енергија ќе останат жителите од делови од неколку општини.

Од 9 до 11 часот без струја ќе бидат корисниците од дел од село Горно Соње во Општина Сопиште, од 9 до 14 часот корисниците од дел од ул. „Љуба Ивановиќ“ и ул. „Црвени Брегови“ во Општина Бутел, а од 9 до 14 часот, корисниците од дел од ул. „Христо Татарчев“, ул. 1511 и ул. 1512 во Општина Кисела Вода.

Од 9 до 15 часот без електрична енергија ќе бидат корисниците од дел од село Батинци во Општина Студеничани, од 9 до 15 жителите на село Кучково во Општина Ѓорче Петров, од 9 до 15 часот жителите од село Долно Соње во Општина Сопиште, а од 12 до 15 часот корисниците од дел од викенд-населбата Јане Сандански во село Орешани во Општина Зелениково.