Корисниците од улиците „Сердарот“ и „Ратко Митровиќ“ и целиот реон кај ТИПО и Туланата во Општина Кисела Вода утре од 8.30 до 15 часот ќе останат без напојување со електрична енергија.

Во периодот од 8 до 15 часот без струја ќе бидат и корисниците од броевите 57, 59 и 108 на улицата „Востаничка“ во општина Центар, од 13:00 до 15:00 часот корисниците од сите стопански и нестопански објекти на територијата на општина Зелениково, а од 9 до 11 часот корисниците од непарните броеви од број 65 до број 81 на улицата „Јуриј Гагарин“, парните броеви од број 4 до број 18 на истата улица и зградата со број 149 на булеварот „Митрополит Теодосиј Гологанов“ во општина Карпош.

Од 9 до 12 часот електрична енергија ќе немаат и дел од корисниците од улицата „Ацо Шопов“ околу бројот 9 во општина Бутел, од 12.30 до 14.30 часот делови од улиците „Шарпланинска“, „Пекљане“, „Торонто“ и „Антон Кецкаров“ во општина Шуто Оризари, а од 9.15 до 15 часот дел од корисниците од селото Рашче.

Како што информира Регионалниот центар за управување со кризи на град Скопје, причина за прекинот во снабдувањето со електрична енерија е изведување планирани технички зафати во дистрбутивната мрежа од страна на екипи на „ЕВН Македонија“ АД.