Корисниците од улицата „Будимпештанска“ во општина Карпош утре од 12 до 13 часот ќе останат без напојување со електрична енергија.

Од 9 до 11 часот, без струја ќе бидат и корисниците од улицата „Макајовски“ бр.36 и бр.39 и од  улицата „Црвена Вода“ бр.36 во општина Центар, од 9 до 13 часот корисниците на делови од улиците „Ѓуро Салај“, „Алекса Демниевски“ – подулица 19 и „Даутица“ во општина Ѓорче Петров, а од 8:30 до 12:30 часот корисниците од улиците „Илија Димовски-Гоче“, „Кресна“(АВРОРА) непарните броеви од 9 а до 19 а во општина Аеродром.

Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи на град Скопје, причина за прекинот во снабдувањето со електрична енергија е изведувањето планирани технички зафати во дистрибутивната електро-мрежа од страна на екипи на „ЕВН Македонија“ АД.