Дел од општините Карпош и Центар, како и дел од населбата Влае денеска во одреден период од денот нема да имаат струја поради технички зафат на ЕВН.

Како што информира РЦУК, од 8 до 13 часот без електрична енергија ќе бидат корисниците од објектите на улицата „Фјодор Достоевски“ во Карпош и дел од населбата Влае, од 9 до 12 корисниците од булевар „Партизански одреди“ во Центар, а од 9 до 15 часот корисниците на дел од улиците „Петар Драганов“, „Копенхагенска“, „Бриселска“, „Његошева“ и „Софиска“ во Карпош.