Во периодот од 9 до 15 утре часот без струја ќе бидат корисниците од улиците „Марко Орешковиќ“ и „Димо Хаџи Димов“ од бр. 96 до бр. 126 и од улицата „Љубљанска“ зграда бр.1 во општина Карпош. 

Од 8 до 16 часот утре без снабдување со струја ќе бидат корисниците од улицата „Панче Неделковски“ куќите со броеви 48, 50, 52, 54, 56, 58 и 60, зградите со броеви 53, 57, 61, 62, 64, 66, 68, 70 и 72 и објектите околу црквата „Св. Ѓорѓија“ во општина Чаир.

Без струја од 8:30 до 15 часот ќе бидат корисниците од улицата „Доситеј Обрадовиќ“ бр. 14 во општина Кисела Вода. 

Како што информира Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, причина за прекинот во снабдувањето со електрична енергија е изведувањето планирани технички зафати во дистрибутивната мрежа од екипи на „ЕВН Македонија“ АД.