Дел од корисниците лоцирани на улицата „Атинска“ бр. 25 во општина Карпош утре од 9 до 13 часот ќе останат без електрична енергија.

Во временскиот период од 9:30 до 11:30 часот без струја ќе бидат жителите од селото Јаболце и викенд населбата Јаболце во општина Сопиште.

Како што информира РЦУК-Скопје, прекините се поради технички зафати во дистрибутивната електромрежа.