Дел од корисниците лоцирани на булеварот „Партизански одреди“ зграда бр.39 во општина Карпош утре од 8 до 10 часот ќе останат без електрична енергија.

Во периодот од 9 до 12 часот утре без струја ќе бидат корисниците од улицата „2“ во село Долно Лисиче, а од 9 до 15 часот дел од корисниците од селото Батинци, место викано Чупријан и улицата „1“ во општина Студеничани.

Од 12:30 до 15 часот без струја ќе бидат дел од корисниците од улицата „Сердарот“ во општина Кисела Вода.

Како што соопшти РЦУК – Скопје, прекините се поради планирани технички зафати во дистрибутивната електромрежа.