Корисниците од населбите Бутел-1 и Радишани, како и стопанските субјекти на ЕВН, Железничка станица Скопје Север, Еуро Табак, Едел-Пром, Фурна Диме и Шкода лоцирани на северната страна на улицата „Босна и Херцеговина“ денеска од 8 до 14 часот ќе останат без вода за пиење.

Како што информираат од ЈП Водовод и канализација – Скопје, прекинот во водоснабдувањето е поради планирана техничка интервенција на трафостаница во Пумпна станица Бутел.