Поради технички зафати во дистрибутивната електро мрежа делови од општина Центар и општина Ѓорче Петров утре ќе останат без електрична енергија.

Од 8 до 15 часот без електрична енергија ќе бидат корисниците од дел од булеварот „Кочо Рацин“ како и улиците: „Стив Наумов“, „Тетовска“ и „Јосиф Јосифовски – Свештарот“ во општина Центар.

Во општина Ѓорче Петров од 9 до 14 часот корисниците од дел од улица 100 и улица 73 во населба Волково ќе бидат без струја.