Дел од корисниците од село Рашче утре од 9:30 до 14:30 часот ќе останат без напојување со електрична енергија.

Од 10:00 до 13:30 часот без струја ќе бидат и корисниците од улицата „29“ во село Сопиште.

Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи на град Скопје, причина за прекинот во снабдувањето со електрична енергија е изведувањето планирани технички зафати во дистрибутивната електро мрежа од страна на екипи на „ЕВН Македонија“ АД.