Општина Аеродром ги дезинфицира сите влезови на домот за стари лица „Аеродром“, а почна да врши и дезинфекција на сите објекти на основните училишта и на градинките на својата територијата.
– Ова се некои од мерките што се преземаат како заштита и превенција од вирусот ковид-19. Општина Аеродром редовно врши дезинфекција, при што се опфатени сите детски и спортски игралишта, контејнерите, кантите за отпадоци, како и целокупната урбана опрема – велат надлежните од оваа скопска општина.