Екипите на ЈП „Комунална хигиена“-Скопје денес почнаа со миење и дезинфекција на реквизитите на неколку детски игралишта лоцирани во општините Чаир, Бутел, Центар и Карпош.

Активностите, како што посочија во соопштение, ќе продолжат и во текот на претстојните денови, кога ќе бидат опфатени дел од игралиштата во останатите скопски општини.

– Почнавме со активности за миење и дезинфекција на детските игралишта, затоа што станува збор за локации каде што нашите најмали сограѓани поминуваат голем дел од своето време, доаѓајќи во непосреден допир и контакт со поставените реквизити – истакна директорот на ЈП „Комунална хигиена“-Скопје, Абдусамед Шабани.

На овој начин, посочува Шабани, ЈП „Комунална хигиена“ ги одржува своите главни приоритети: максимално ниво на чистота и хигиена на јавните простори во градот Скопје, како и заштита на колективното здравје.