Општината Карпош засилено ќе се ангажира за подобрување на комуналната хигиена, а за таа цел воведува дежурни служби за одржување на хигиената и за време на викендите. Секој викенд по 12 хигиеничари ќе работат по четири работни часа. Тие ќе бидат рамномерно ангажирани по урбаните заедници и од 8 до 12 часот дополнително ќе се грижат да ја одржуваат хигиената на јавните површини. Идејата за вакво нешто меѓу другото и поради зголемената фреквенција на луѓе во летниот период.

– Поради тоа што во летниот период имаме зголемена фреквенција на движење и на граѓани и на автомобили, хигиеничарите ќе спроведат акции за чистење по платоата, маалските паркчиња, сервисните улици, како и меѓу зградите – објаснуваат од Карпош. Од оваа скопска општина упатуваат апел до граѓаните за поголема грижа за животната средина, а отпадот да се фрла единствено во кантите за отпадоци.