Град Скопје ги известува сите граѓани дека во согласност со одредбите за присилна наплата од Законот за даноците на имот, започнува постапка за присилна наплата на неплатените обврски по основ на годишниот данок на имот и комунална такса за фирмарина за 2018 година.

Во месец март Град Скопје испрати опомени за неплатен данок на имот и комунална такса за фирмарина до сите правни и физички лица кои поседуваат недвижен имот и вршат дејност на територија на Град Скопје. Од причина што рокот во којшто требаше да се изврши наплатата на заостанатиот долг по доставената опомена е поминат, на неплатените обврски по основ на годишниот данок на имот и комунална такса за фирмарина за 2018 година, Град Скопје изготви решенија за присилна наплата кои ќе бидат доставени до даночните, односно таксените обврзници.

-Им кажуваме на сите даночни и таксени обврзници кои по горенаведените основи имаат заостанати и неплатени долгови, дека треба е да ги надмират своите обврски. Напоменуваме дека доколку по добивањето на ваквото решение не го подмират долгот ќе се изготви решение за блокада на сметките на обврзниците по банки- велат од Град Скопје.