Советот на Град Скопје на денешната седница едногласно ја донесе Одлуката за давање помош на настраданите од катастрофалниот земјотрес во Албанија. Со оваа одлука, како израз на солидарност за настраданите, Градот Скопје дава помош во износ од три милиони денари.

-Во рамките на нашите технички можности уште во текот на вчерашниот ден Град Скопје упати две екипи кои се во Драч. Едната екипа е составена од 4 пожарникари, додека втората екипа е составена од технички лица кои управуваат со термалните дронови и со термалните камери. Оваа одлука е во износ кој традиционално го доделува Град Скопје во вакви случаи, а тоа е 3 милиони денари – рече градоначалникот Шилегов на седницата.