Советот на град Скопје на денешната седница донесе одлука со која за нов концесионер на депонијата „Дрисла“ е избран конзорциумот предводен од „Шолц АГ“ од  Германија, а составен од „Шолц АГ“ – Германија, „Циос доо“ – Хрватска и „Сплендор МАК ДООЕЛ“ од Република Македонија.

Оваа одлука следува по судска пресуда на Вишиот управен суд.

– Со ваквата одлука се овозможува да се стави крај на агонијата на граѓаните на Скопје со депонијата „Дрисла“ и се создава можност за започнување процес на инвестиции и модернизација на депонијата која во иднина ќе прерасне во модерна депонија во која ќе се одложува и третира отпадот по највисоки светски стандарди – велат од град Скопје.