Фото: Игор Бансколиев

Град Скопје вечерва организира изложба на отворено на која ќе бидат прикажани пристигнатите архитектонски трудови на конкурсот за идејни решенија на три летни отворени сцени во Градскиот парк.

Изложбените паноа ќе бидат поставени на улицата пред седиштето на Град Скопје.

Градските власти информираат дека на конкурсот пристигнале 13 трудови за понудените три локации: во близина на Езерце, во првиот дел на паркот, во близина на Сточарски институт и спроти Кајак кану клубот „Илинден 90“.

Градот ќе додели три први награди од 70.000 денари, за најдобрите на секоја локација.