Град Скопје соопшти дека во бараката број 15 (даночни одделенија) почнувајќи од 7 мај (понеделник) се воведуваат два приемни дена (вторник и петок) во текот на работната недела за прием на граѓани и дежурни правници ќе им бидат на располагање во периодот од 9 до 16 часот.

Овој новитет, посочуваат од Град Скопје, се воведува со цел побрзо и поефикасно работење на даночната администрација, особено во делот на решавањето на пријавите и барањата по предмети по основ на данок на имот.

Во насока на подобрување на даночните услуги за граѓаните, Градот Скопје од 1 јануари воведе двосменско работење во барака број 16 со работно време од 07:30 до 19:30 часот за прием и издавање документи поврзани со даноците на имот.

Исто така, со цел поедноставување на процедурите во врска со даноците на имот, во Град Скопје веќе подолг временски период дежурен правник и проценител во барака број 16, соба 2 во периодот од 08:30 до 16:30 часот секој работен ден извршуваат проценки на имот и даваат правни совети на граѓаните во врска со нивните поднесоци во даночното одделение.