Град Скопје преку својот Интернет портал апелираше до граѓаните да се воздржат од палење огнови на отворено по повод прославата на божиќните празници, со цел да се заштити животната средина и амбиенталниот воздух.

Од градот пренесоа дека апелот е усогласен со градоначалниците на сите скопски општини кои решија да се откажат од доделувањето дрва од општините за оваа намена, со цел да се спречи дополнително загадување на воздухот во град Скопје.