ЈСП информира дека од утре, недела (24 мај) од 11 часот до вторник (26 мај) до 5 часот, јавниот превоз нема да функционира.

Времениот целосен прекин на сообраќањето на автобусите на ЈСП и приватните превозници е согласно Одлуката на Владата за забрана на движење на населението во посочениот период.

Утре сите автобуси ќе сообраќаат по неделен возен ред од 5 до 11 часот, но нема да има дежурни билетарници и центри за персонализација.

Јавниот превоз ќе продолжи да функционира од вторник (26 мај) од 5 часот, а автобусите ќе сообраќаат до 19 часот, по саботен возен ред.

Исклучок ќе бидат линиите 9, 19, 20 и 23 кои ќе возат по редуциран делничен возен ред.

Останатиот возен ред е достапен за преглед на веб страницата на ЈСП Скопје.