Градот Скопје ќе ги субвенционира занаетчиите од Старата скопска чаршија за набавка на потребните алати и репроматеријали, за да се спасат занаетите што се во изумирање. За таа цел градските власти објавија и јавен повик.

Од градот Скопје велат дека доколку се исцрпат предвидените финансиски средства, градот Скопје ќе го објави завршувањето на јавниот повик на својата веб-страница.
– Градот Скопје ќе ги субвенционира занаетчиите на подрачјето на Старата скопска чаршија за набавка на потребните алати и репроматеријали до 80 отсто од докажаните трошоци, но не повеќе од 50.000 денари, со вклучен ДДВ. Повикот ќе се реализира по принципот прв дојден, прв услужен и ќе трае до 20.12.2019 година. Субвенционирани ќе бидат само докажаните трошоци за предвидените намени настанати во периодот од 1.1.2019 до 20.12.2019 година – велат од градот Скопје.

Заинтересираните што сакаат да се пријават, тоа можат да го направат на веб-страницата www.skopje.gov.mk. Барањата за субвенционирање на занаетчиите се достапни во архивата на градот Скопје, во Одделението за занаетчиство, угостителство и трговија и на веб-страницата www.skopje.gov.mk.

Дополнителни информации може да се добијат во Секторот за локален економски развој на телефонскиот број 3297 284 или преку e-адресите:[email protected] и [email protected]