Фото: Дарко Андоновски

Градот Скопје повторно објави јавен повик за субвенционирање домаќинства и други субјекти на подрачјето на градот Скопје за чистење оџаци за 2019 година. Градот Скопје ќе надомести дел од трошоците на домаќинства и на други субјекти за чистење на оџаците, во износ од 1.000 денари, а на јавниот повик имаат право да учествуваат физички и правни лица, кои живеат на подрачјето на градот Скопје. Јавниот повик трае заклучно со 30.11.2019 година, и ќе биде реализиран по принципот прв дојден прв услужен, односно до реализирање на средствата предвидени за оваа намена со буџетот на градот Скопје за 2019 година. Потребната документација за учество, која ја поседуваат барателите, треба да ја достават во затворен плик до градот Скопје на бул. Илинден бр. 82, во архивата на градот Скопје, секој работен ден од 8.30 до 15 часот.

Потребни документи се: барање за надоместок (барањето може да се подигне во архивата на градот Скопје или да се обезбеди од интернет-страницата на градот: www.skopje.gov.mk), доказ за жителство во градот Скопје: фотокопија од лична карта или пасош, фотокопија од трансакциска сметка/жиро-сметка, доказ за правен субјект: тековна состојба не постара од 6 месеци, оригинал потврда за реализирано чистење оџак, потпишана од стручното лице што го исчистило оџакот и оригинал фискална сметка од фирмата регистрирана за дејност чистење оџаци (шифра 81.22 во согласност со националната класификација на дејности)..