На 16-та седница на Советот на општината Центар е усвоена одлука за зголемување на капацитетите на градинките на територијата на оваа локална самоуправа. Станува збор за зголемување на приемот на деца во градинките „Раде Јовчевски-Корчагин“, „13 Ноември“ и „Кочо Рацин“. Дополнително, советниците на општината Центар на седницата ги усвоиле и предлог-извештаите за работа на седумте основни училишта, како и извештаите за програмата за изведување ученички екскурзии и други слободни активности на учениците.