Градинката „Сончоглед“, која е во склоп на ЈДГ „Весели цветови“ од Кисела Вода, во соработка со хуманитарната организација „Св.Спас“, организираше предновогодишна хуманитарна акција на која благодарение на родителите на децата, кои ја посетуваат истата, беа поделени новогодишни пакетчиња и кукли.

Дечињата од градинката, инспирирани од приказната Куклата на Ана, со помош од воспитувачката Катерина Митевска и негувателката Кристина Гретас Ристова, изработија кукли, кои заедно со пакетчињата им ги подарија на неколку деца од сиромашни семејства.

Покрај ова, децата присутните ги изненадија и со изведба на неколку новогодишни детски песнички.

На настанот кој се одржа во дворот на градинката, присутен беше отец Оливер Петровски, кој секогаш кога е потребно им помага на сиромашните и немоќните лица.