„Го градам мојот град – 2018“ е насловена манифестацијата што и оваа година традиционално ја подготвува детскиот културен центар „Карпош“. Настанот е посветен за предучилишните установи, а во чест на градот Скопје.

Оваа манифестација има за цел да ги истакне детските творечки способности и детската креативност. Идејата е истовремено поопширно да ги запознае децата со денот 13 Ноември и неговото значење за градот во кој живеат.

– Секоја градинка, како и секоја година, ќе ја претставува екипа од пет деца, а објектот што ќе се гради е по нивен избор, како и градежниот материјал што ќе го користат: коцки, цртежи, природни материјали, како лисја, дрвца и друго.

Манифестацијата „Го градам мојот град – 2018“ ќе се одржи во просториите на детскиот културен центар „Карпош“ на 13 ноември, со почеток од 10 и ќе трае до 11 часот. За градинките учесници на оваа манифестација се предвидени симболични подароци во знак на благодарност и соработка, информираат од детскиот културен центар „Карпош“.