Фото: Маја Јаневска Илиева

Дали сте за ЕУ и НАТО со прифаќање на Договорот меѓу Република Македонија и Република Грција, е прашањето на кое денеска одговараат со „за“ и „против“ граѓаните на Р. Македонија.

Фото: Маја Јаневска- Илиева

Во скопската општина Бутел околу 13.30 часот беше регистрирана голема фрекфенција на луѓе кои излегоа на гласање. Граѓаните гласаа на 5 гласачки места во основното училиште „Панајот Гиновски“. Од отворањето на гласачките места, па се до околу 13.30 часот гласањето се одвивало во најдобар ред и не се регистрирани никакви нерегуларности. Претседателот на гласачкото место 2929, Африм Салиу во општина Бутел истакна дека до 13.30 часот излезноста на гласачите била околу 15%. Од 903 гласачи на избирачкиот список гласале 212 граѓани. Тој посочи дека проблеми на гласањето не се евидентирани, единствено како проблем истакна дека имало гласачи кои го погрешиле гласачкото место и од страна на Комисијата биле насочувани каде да се упатуваат. На гласачкото место 2930 во Бутел до 13.30 часот гласале 260 граѓани, а на избирачкиот список биле пријавени 963, на ИМ 2932 од пријавените 923 граѓани на гласачкиот список, гласале околу 20%. До 13.30 часот излезноста во Бутел била околу 20%.

Во општина Чаир денеска граѓаните можеа да гласаат во основното училиште „Хасан Приштина“. Во таа општина забалежавме редици на граѓани кои чекаа да се изјаснат за реферндумското прашање. За гласање се чекаше и по 10 минути. Во ова училиште гласањето се одвиваше во 4 избирачки места. Во избирачкото место 2881 од регистрираните 607 гласачи на гласање излегле 174 граѓани. На избирачкото место 2882 во Чаир од пријавените со право на глас 677 гласачи, гласале 173 граѓани. За време на гласањето до 14 часот не биле регистрирани никакви нерегуларности.

Фото: Маја Јаневска Илиева

Во населба Железара во 14.30 часот избирачките места беа скоро празни. Граѓаните можеа да гласаат на 6 избирачки места во основното училиште „Григор Прличев“. Од таму посочија дека не се регистрирани никакви нерегуларности. Во избирачкото место 2476/1 од предвидените 405 гласачи, гласале 81 граѓани. На гласачкото место 2476 гласале 139 граѓани од 569 на гласачкиот список. На гласачкото место 2479 гласале 86 граѓани од предвидените 396. Излезноста во таа населаба е околу 19 %.

Фото: Маја Јаневска -Илиева