Со акција за чистење, општината Гази Баба во соработка со студентите од Шумарскиот факултет го одбележаа Светскиот ден за заштита на животната средина.
Општинарите заедно со студентите помогнати од ЈКП „Гази Баба“ и здруженијата „Дрен“ и „Акцијаши“ по повод Светскиот ден за заштита на животната средина го расчистуваа Дендропаркот на Шумарскиот факултет.
Од Гази Баба најавуваат дека акциите за расчистување на јавните површини како и уредувањето нови, ќе продолжат и во иднина.
За чиста и здрава општина, градоначалникот Борис Георгиевски апелира до сите граѓани да ја чуваат својата околина, бидејќи само така може да биде чиста и зелена општината за сите граѓани.