Градоначалникот на општина Ѓорче Петров, Александар Наумовски, во објава на својата фејсбук-страница соопшти дека Советот на општината усвоил измени во Одлуката за комунален ред, со кои се забранува сушењето алишта во дворовите во општината кои имаат поглед кон улица или кон плоштад.
– Да почнеме од поблагите мерки, со цел доследно спроведување на прописите. За да не стигнеме до казни. Превенција пред репресија – напиша Наумовски во коментар под објавата.

Веста предизвика многу коментари на социјалните мрежи, а дел од граѓаните му забележаа на градоначалникот дека се занимава со неважни работи, додека во општината има многу поголеми проблеми.