Иницијатива на жени од Шуто Оризари денеска со поставување на транспарент одбележа годишнина од немањето на матичен гинеколог во оваа скопска општина.

– 8.000-13.000 жени во репродуктивен период немаат матичен гинеколог во Шуто Оризари, иако сме среде пандемија со ковид-19, откако пред една година гинекологот ја затвори својата гинеколошката ординација – се наведува во соопштението на Иницијативата.

Од таму додаваат дека Министерството за здравство најавило отворање на нова гинеколошка ординација, но истата се уште не е отворена и како што велат, репродуктивното здравје на жените од општината веќе подолго време е ставено во ризик.

Инцијативата на жени од Шуто Оризари апелира до Министерство за здравство најитно да ја заврши постапката за отпочнување на работа на гинеколошката ординација, како и да обезбеди трајно решение за овозможување на пристап до гинеколошки услуги на жените Ромки.