Во Општина Чаир повторно рачно се метат и се чистат улиците, паркиралиштата и другите јавни површини од насобраното ѓубре. Комуналните работници изминативе денови метеа и подигаа ѓубре во населбата Топанско Поле. Комплетно се исчистени улиците Џон Кенеди, потоа улицата Дижонска, Благое Паровиќ, Август Цесарец и ќе продолжат по преостанатите сервисни улички. Од почетокот на корона-кризата, Општина Чаир во континуитет реализира вакви акции за чистење и подигање на ѓубрето од јавните површини, како и за расчистување на дивите депонии што се создаваат во одделни делови.

– Вчера и денеска продолживме со чистење и на улиците и другите површини во населбата Чаир и со овие активности ќе се занимаваме и следните денови, секој ден и во секој момент Општина Чаир ќе биде чиста. Чистата животна средина е нашата секојдневна потреба и дел од агендата на нашето работење – велат надлежните од оваа скопска општина.