Градот Скопје и ЈП „Паркови и зеленило“, во соработка со Општина Кисела Вода спроведуваат голема акција за зазаленување на новиот парк во урбаната заедница „11 Октомври – бараки“, лоциран до железничките пруги и трим патеката.

Во следните неколку дена, на површина од 16.000 квадратни метри ќе бидат засадени околу 500 садници. Паркот ќе биде збогатен со грмушки и два вида на дрва од родот костени и сорбуси. Дрвата кои се садат се со висина од 2 до 4 метри.

На средината на овој месец, Ротаракт клуб – Скопје заедно со Општината, на празната површина до паркот во УЗ „11 Октомври – бараки“ засади 100 шест годишни дрва.

Општина Кисела Вода ќе продолжи да вложува напори за зазеленување на сите празни површини.