Општината Кисела Вода периодов реализира акција за чистење на својата територија за комплетно да го отстрани сметот. Во рамките на есенската акција, која ја почна за расчистување во месните заедници Припор и Усје, беа собрани 6 тона ѓубре. Во овие месни заедници беа исчистени тротоарите, улиците и тревните површини, кои се под надлежност на локалната самоуправа. Како дел од акцијата се кастреа гранките на дрвјата, а се собираше и кабаст отпад. Активностите за чистење ќе продолжат да се одвиваат следната недела и во месните заедници Пинтија и Стаклара – Каменик.